Ракомет
Викендов во фокусот на вниманието од спортските љубители е ракометот. Во салата ,,Ричко” ќе има два привлечни меча. Во женската конкуренција екипата на Прилеп по победата од 18-20 во Гевгелија и ремито 24-24 со грчката Филота, претстои тешкиот дуел дома со лидерот Металург в сабота во 15 ч. Ова е меч за добивање искуство.
Машкиот состав на Прилеп по поразот дома (30-35) од Пелистер, веднаш се поправи на гости, со триумф (27-30) кај Пролет во Скопје. Одлична партија на целата екипа, а стрелци беа петмина: Бозароски 4, Петкоски и Тренчевски по 6, Орјоникидзе и Јанчев по 7. Токму Јане Јанчев е новиот бек во тимот, 29-годишен кавадарчанец, кој има интернационална кариера во Турција, Тунис и Мароко. В сабота од 19 ч. претстои натпревар за нови три бода, а противник во ,,Ричко” ќе биде Радовиш.
Табела: Охрид и Пелистер 28, Работник 25, Борец и Прилеп по 20.