ПРЕТСТАВЕНА ПРОГРАМАТА „ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА“

Митинг на СДСМ

SDSM gi pretstavi kandidatite vo 4 izborna edinica

Првпат од Прилеп, СДСМ ја стартуваа изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември. Под мотото “План за живот во Македонија”, СДСМ на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” ги претстави изборната програма и кандидатите за пратеници од Прилеп во четвртата изборна единица, Кети Смилеска и Хари Локвенец, а присуствуваа и носителите на листите во останатите изборни единици.

На митингот пред прилепчани, претседателот на СДСМ и носител на листата за пратеници во четвртата изборна единица, Зоран Заев рече дека имаат план и програма на која работеле од март 2015 година и оти во неа има пет точки. Според него, граѓаните заслужуваат да живеат во слобода, демократија и достоинствен живот.

– Ќе се залагаме за повисоки плати. Мора просечната плата да биде не помалку од 30.000 денари. Тутунот ќе биде повторно поддржан со субвенции. Ќе има само три класи: третата ќе биде 60, втората класа ќе се субвенционира со 70, а првата класа со 80 денари за еден килограм. Ќе се стимулира квалитетот – истакна лидерот на СДСМ.

Заев најави дека домашните фирми ќе се субвенционираат со 140 милиони евра со што ќе се отворат нови работни места, а младите ќе останат во државата и ќе живеат достоинствено.

– Петнаесет проценти од ДДВ ќе го враќаме кај секој граѓанин преку фискалните сметки. Тоа се 30.000 денари плус пари во секое семејство. А секој што ќе оди во јавното здравство, ќе добие бесплатно болничко лекување и ќе има правда за сите, а криминалците ќе одговараат – рече Заев.

Во однос на двојазичноста, Заев рече дека политичките опоненти наметнуваат тема за јазиците која не постои.

– Многујазичноста е културно богатство на Македонија. Треба да сме горди што уставот на Македонија го гарантира најшироко правото на користење на јазиците на сите етнички заедници. Нашиот устав е либерален и европски по прашањата на јазиците. Наметнувањето на тема што реално не постои го прават оние кои немаат понуда за граѓаните и оние што се плашат од слободно искажаниот збор – рече Заев.

Тој го повика на дуел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Груевски те повикувам на дуел. Да прифатиш дуел за да те прашам за сето тоа што не беше чесно да го објавам. Да те прашам, а не да се криеш. Десет години владееш и зборуваш за демократија и транспаретност. Прифати дуел за да можеш да ме прашаш, а ама и јас и народот да те прашаме. Груевски веќе нема каде да оди. Сите здружени сплотени ќе го запреме – изјави Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред прилепчани зборуваше и за неповратни грантови за млади за почнување бизнис.

ОДГОВОРОТ Е ВО ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ

Zoran Zaev nositel na listata vo iE 4

– Своите деца, сме ги испратиле на крајот од светот! Сме ги спасиле од неправди! Од каде?! Од неправди во сопствената земја?! Од неправди во нивната родна земја?! Вака ли ќе продолжиме да живееме другари, пријатели, мајки, родители? Со јад?! Со немир?! Уште колку вака може да се издржи?! Замислете да треба вака да живеете уште нови 4 години, дали можете да го издржите тоа? Дали сакате? Дали сакате уште 4 години режим? Не сакаме! Еве го одговорот! Одговорот е на овој плоштад вечерва. Одговорот е во кренатиот глас во Македонија. Овој одговор овде, на овој плоштад мора да се слее во гласачките кутии на 11 декември, ако вашиот избор е живот во Македонија – рече Заев.

Планот не е бајка

Kandidat za pratenik Hari Lokvenec

– Овој План е враќање животот во Македонија! Овој план е враќање на вашиот живот! Си го сакате својот живот, нели? Си ги сакате децата овде во Македонија?! Поддржете го овој План и во оваа држава ќе има живот, ќе има живот за сите во Македонија! Ова е План базиран на наука, историја и факти. Ако сакаме Македонија да функционира добро како сите успешни земји во светот, моравме да го собереме најдоброто од светот. Вие знаете дека овој План не е бајка, како што вели Никола Груевски. Од каде и би знаел Никола Груевски што е бајка, а што не е?! Груевски не е ништо друго освен криминалец, бандит, мафијаш. Оваа Влада не може да и донесе ништо добро на Република Македонија. Со Никола Груевски нема напред!

Keti Smileska kandidat za pratenik

Неопходни се промени за живот во Македонија! И ќе има промени на 11 декември во нашата Македонија” – рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Прилеп.

Loading