ХРИСТОВ СИМБОЛ ПОДИГНАТ СПОРЕД СОН

Семејството Глигороски донираше монументален крст во Новоселани, општина Долнени

– Крстот висок 10 метри, широк 7 метри, а тежок 1800 кг., поставен е на надморска височина од 800 метри 

PSemsjstvoto Gligoroski  -posveteni Hristijani

Прекрасен крст, како ангел чувар, високо се извиши над селото  Новоселани. Десетметарскиот крст, во чест на родот македонски, во слава на севишниот господ Бог го постави семејството на Владо Глигороски. Монументалниот крст кој се издига во општина Долнени е чест за донаторското семејство, но и знак и симбол со кој духовно и емотивно е поврзан секој христијанин. Поставувањето не е само продолжување на вековната традиција на Македонците, туку и реализација на сонот кој го видел неговиот стрико. 

На крупниот и скап градителски потфат, му претходела “божја најава”, “провокација” од светителот Архангел Михаил за подигањето на огромниот крст над селото на надморска височина од 800 метри. Импозантниот крст од челик е со височина од 10 метри, широк 7 метри и тежок е 1800 кг. Го издигнаа во пресрет на големиот христијански празник Св. Архангел Михаил во родното село на Владо Глигороски.

Krstot e svedok na hristojanstvoto  - Vlado Gligoroski

– Поттикнат од народната поговорка дека добрите луѓе прават добри дела, дојдов до идеја да подарам крст, бидејќи по потекло сум од Новоселани, а живеам во Прилеп. На ова преубаво место од каде се гледа цела Пелагонија на дланка, дојдов до идеја да се подигне крст кој ќе остане за век и веков, за сеќавање на сите, за внуци и правнуци. Желбата е исполнета, да дава Господ здравје и среќа на сите од семејството, на роднините и пријателите, на сите добронамерници и Христијани – вели иницијаторот Владо Глигороски.

Секоја вера има свој знак, свој симбол, свое обележје што ја чини религијата. Православната го има знакот на светиот и животворен крст на спасителот Христос.

Simbolot na pravoslavnite na 800 metri kraj Novoselani

– Поставувањето на крстот на возвишеново место, всушност е постојано потсетување дека сме христијани, постојана мисла дека Христос на крстот бил распнат и со својата смрт и со својата крв го ослободил човечкиот род од гревот и смртта, и ни дарувал живот вечен. Најбитното од сé е дека овој крст се гледа од сите страни од Пелагонија – вели владиката Петар кој го освети поставувањето на крстот.

Служи како доказ дека кога се има верба, сонот станува јаве. А токму голем крст видел во сонот чичкото Драган пред 5 месеци.

– Крстот е направен според сон. Пред 5 месеци ми дојде на сон да го видам внук ми Владо, жената му Вики и син му Боби, како стојат покрај крст. И му велам што е ова, а тие ќутат. Над крстот згора како во магла, тројца луѓе стојат и ми велат: Дојде Михаил направи така и замина. Не би час, за 5 – 10 минути се најдовме на местото каде се постави крстот. Се разбудиви и ова го видов на сонот – вели Драган Глигороски, стрико на Владо.

Подигнатиот метален крст претставува гордост за семејството Глигороски, сведоштво, патоказ и ориентир за идните генерации во Новоселани.

Tesko no so Boija milost se krena celicniot krst

– За селово и за целата околија е убав симбол. Новоселани има долга историја, убаво село кое имаше 200 – 300 жители, а сега  само околу 70 – 80 луѓе – вели Владо Петрески.    

Делото на семејството Глигороски претставува круна, во кој е вградена упорноста  за подигање на препознатливиот знак и белег на православната вера која е духовниот идентитет на македонскиот народ во мултиетничката заедница, во која од памтивек постоело почитување и соживот меѓу сите кои живеат на долненската почва. 

Loading