ИЛЈАДА РАБОТНИЦИ ЌЕ ПРАВАТ АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВОТО

Нова германска инвестиција во Алинци

– Градбата на објектот од десет илјади м2 ќе стартува во првото тромесечје в година

– Пласман на европскиот пазар и поголеми вложувања

Претседателот на  ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски ја објави новата германска инвестиција во зоната Алинци каде што веќе работат 650 работници во американската компанија Гентерм и каде германската фирма Акумпласт наскоро треба да ја активира веќе готовата фабрика и да ангажира стотина работници во првата фаза.

Според Груевски, станува збор за глобална компанија ВИГ која ќе изработува апарати за домаќинство,  а која рапсолага со погони во Кина и Индонезија.

– Погонот во Прилеп ќе произведува апарати за европскиот пазар. Фабриката треба да почне да се гради во првото тромесечие од наредната година на 10 000 квадратни метри и да биде готова до крајот на идната година кога ќе почне производството. Исклучително важно е што во првата фаза Германците планираат 1000 вработувања, но имаат стратегија за понатамошно развивање на фабриката – објави на фејс бук Груевски.

При привлекувањето на Германците најактивен биле министерот Бил Павлески кој по подолго време работел на оваа инвестиција, а од голема помош бил ангажманот на Владимир Пешевски.

– Силно продолжуваме со привлекувањето на нови инвестиции и отворањето на нови работни места. Наш основен приоритет е стандардот на граѓаните и решавање на проблемите – пишува Груевски, кој додава дека нема да се застане тука, туку цел е намалување на стапката на невработеност меѓу 17 и 18 отсто.

Според него, следните четири години ќе се креираат околу 70.000 нови работни места!

– Тоа е придонесот за развиена, просперитетна, економски напредна и стабилна Македонија, држава на можности и успешна иднина – напиша Груевски.

Loading