„ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300“ ЗА ПОПОСКИ

Festivalski lavri za  Goran Poposki

Младиот надежен член од фото кино клубот Прилеп Горан Попоски се закити со „Златната камера 300“ на 24-тиот Интернационален фестивал на аматерски документарен филм во Битола. Попоски победи во силна конкуренција меѓу 43 филмови од повеќе земји од светот. Интернационалното жири ценело дека документарниот филм ,,Ах,, на Попоски бил инспириран од  функционирањето на Градскиот саат. Пресудно за наградата да отиде во рацете на младиот гимназијалец бил креативниот стил на претставување на вековната саат кула во Прилеп, постара и од лондонскиот Биг Бен, а кој е симбол на градот.

Награда за монтажа доби и Гоце Трајкоски за неговиот филм “Ајвар”.

Loading