ПРОМАШУВАЊА И НЕДОСУДЕН ПЕНАЛ

Фудбал

Екипата на Победа одигра само 1-1 во Охрид со Силекс, не успевајќи да го задржи водството со голот на Цветаноски во 47 минута. Пред и по израмнувањето во 83 минута, имаше серија неискористени шанси. При резултат 1-0 имаше недосуден пенал по прекршок над Карчески.

Во составот на Штерјовски, наместо исклучениот Колевски, играше Илијовски. Планот не се исполни, но постојат шанси за качување нагоре од осмото место на табелата. На ред е дуелот во Скопје против шампионот Вардар, на тренерот Седлоски. За  изненадување треба да се повтори играта со фаворитот од третото есенско коло во Битола.

Табела: Вардар 25, Шкендија 20, Работнички 19, Пелистер 16, Ренова 15, Шкупи 13, Силекс 11, Победа 10, Македонија ЃП 9, Брегалница 8.

Во 1/4 финалето од Купот Победа за ривал ја има Брегалница.

Loading