ПЕТОКРАКА НА ЈАДРАН

Centarot na Prilep pred 60 godini

Спокојни 50-тите години на градот. „Залегнала“ белата убавица – Старата пошта, на местото каде што е сега Комерцијална банка, а до неа Синдикалната зграда. Пред неа хортикултурно уреден зелен парк со патеки.

Тука е и Куршумли ан, остатоците од некогашниот ан, а наспроти се наоѓаат ановите, на местото од  Домот на културата , кој се уште го нема на сликава ни како идеја.

Од другата страна кај сегашниот плоштад е некогашниот плоштад наречен Слобода. Кадрото го “фатило” делот со велелепни згради, со интересен изглед. Спроти поштата има споменик. Се гледа дури и петокраката на урнатиот хотел на Чесновци – Јадран. Сведок за едно време кога ѕвездата беше водилка.

И Булеварот е издолжен како писта. Гол без липи. Само бандерите ја кршат идиличната слика.

Loading