КОН ПРВА ЕСЕНСКА ПОБЕДА

Жени

Moment od derbito Prilep - Pelister

Петтото коло е на ред во Женската ракометна лига, а тимот на Прилеп се уште нема постигнато победа и е без бодови. По трите порази (дома од Пелистер 19-20, на гости од Куманово 29-23 и Вардар јуниор 32-24), покрај едно коло слободна, екипата на Рубин Богојески има убава шанса да стигне до триумф на претстојниот дуел со Гевгелија. Во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, в недела (16 ч.) се среќаваат со последнопласираната на табелата. Се очекува рамноправна игра, но сепак исходот да биде позитивен за домаќинот. За Прилеп настапуваат: Богоеска, Митревска, Е. Рипилоска, Л. Рипилоска, Јованоска, Крстевска, Спиркоска, Ристовска, Димитрова, Саздова, Камческа и  Димитриеска. Тимот во однос на почетните кола е засилен и тоа ветува подобро издание пред своите гледачи.

Табела: Металург, Вардар ј. и Куманово по 9, Овче Поле 6, Пелистер 3, Прилеп и Гевгелија 0.

Loading