ПО ПРЕМИЕРАТА НА „FIGURAE VENERIS HISTORIAE“

Претстава за љубовта, интимата, политиката и моралноста

Fragment od Ljubovni pozi na istorijata

Текстот „FIGURAE VENERIS HISTORIAE“ (Љубовни пози на историјата) текст од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска е најновата претстава што премиерно ја изведе ансамблот на театарот. За македонската праизведба на Стефановски, инспирација му била книгата “Неморалната историја на Првата светска војна од Магнус Хиршфелд.

Претставата отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста. Иако во неа се раскажува дека војната е организирано насилство, круна на политичката патологија, перверзија на историјата, се прикажува и другата страна на дневнополитичките вести, статистиката и пропагандата, а тоа е љубовта за време на војна, страстите, нагонот, човековите потреби и еротски фантазии. Поплавска одлично ја завршува режијата нудејќи ги последиците што ги остави војната врз човечкиот род. Ликовите добро се изградени, слоевити, при што во некои од нив може да се препознае посетителот.

Изведбата потсетува дека единствено љубовта успева да опстои и повторно да никне од урнатините на војната. Затоа пленат и сценографијата на Емил Петров, костимографијата на Роза Трајчевска – Ристовска, музиката на Горазд Чаповски, Мизар, но и актерската игра на Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Илија Волчески, Ангела Наумоска и Михајло Миленкоски.

Репризата е закажана за 7 октомври 

Loading