БИСТРА ВОДА В РЕКА НА ПРОЛЕТ

Финишира градбата на фекалната канализација за периферијата од градот

– Поставена е 50 отсто од предвидената секундарна канализациска мрежа за фекалните води од 45 километри на периферните населби      

Trpenie za kanalizacijata za decenii -  nikolina Ruvceska

Со интензивно темпо се одвиваат градежните работи на реконструкцијата на фекалната канализација. Веќе е завршена првата фаза на поставувањето на главниот колектор за фекалната канализација и пред крај е градбата и промената на секундарната канализациска мрежа. Во втората фаза се поставуваат и се диференцираат цефките од дождовната во новата фекална канализациска мрежа, долга околу 45 километри. Екипите на изведувачот, германската компанија “Лудвиг Фајфер”, заедно со подизведувачите копаат на улиците за замена на цевките во населбите Варош, Жабино маало, Сточен пазар,  Над гробишта, Тризла, Чачорица, над ОУ Г. Делчев и други локации. Веќе се поставени околу 50 отсто од вкупната секундарна мрежа и состојбата на улиците е доведена во првобитната положба што е обврска според проектот. Инвестицијата на ЕУ и државата во овој сегмент чини околу 7,7 милиони денари. Заедно со пречистителната станица, градот го решава прашањето со отпадните води за следните неколку децении. Градот ќе биде еден од ретките каде отпадните води ќе бидат сто отсто третирани пречистени, а земјоделските површини и производи, наводнувани со водите по течението на градската река, во иднина може да се сертифицира како еколошко и органско.

– Првата фаза веќе е завршена со поставување на колектори во горниот тек на градската река и со уредување на минор коритото од околу 600 метри. Тоа не беше предвидено, но поради тоа што не се копаат улиците и колекторот се постави во реката и заради заштита се уредува малото корито – вели Николина Рувческа, координатор на проектот.

Таа смета дека зафатот е мошне голем, а реакациите на граганите се оправдани поради долгите реконструкциски ископувања.

– Реакциите се на место, но граѓаните нужно е да покажат чувство на трпеливост, бидејќи се работи за проект на иднината и за решавање на крупно прашање. При ископувањата наидуваме на тешкотии со водоводните, електричните и телефонските мрежи, поради несоодветен подземен катастар. Паралено се врзуваат и домаќинствата кои фекалната канализација ја вклучувале во дождовната. Пожелно е одделување на најголем дел од дождовната од фекалната мрежа за да не се оптоварува, да не се загрози и поскапи технолошкиот процес на пречистување на фекалните води во филтерската станица што се гради – вели Рувческа.

Придобивките се проширување на канализационата мрежа, намалување на проблемите на ЈП Водовод и канализација со одржување на фекалната канализација за подолг период. Еден од ефектите е и почистата средина и драстичното намалување на загадувањето на градската река. Проектот вклучува целосно пречистување на комуналните отпадни води и нивно доведување до категорија прифатлива за стандардите на ЕУ. Прилеп ќе добие и современа пречистителна станица на површина од околу 7 хектари  во близина на затворот, а чија градба чини речиси 10 милиони евра.          

Bageri na site strani vo gradot

Со капиталниот проект, во првата фаза и втората фаза се реконструираат околу 70 километри канализација.

Паралелно, ЈП Водовод и канализација ја реконструира водоводната мрежа. Заменети се околу 80 отсто од градската мрежа. Затоа се намалени загубите на вода и граѓаните имаат стабилно снабдување. Градот сега троши една третина помалку вода во споредба со периодот пред реконструкцијата.

Loading