ПРЕЧЕК НА ПРВАТА ЖЕЛЕЗНИЦА

Radost za prviot voz

Пред речиси еден век, толпа од луѓе насобрани со трепет во срцата, со нетрпение ја чекале првата локомотива. Силната врева одекнала, чадот од парната машина го заоблачила денот и го разбудило љубопитството. Чекор до чекор, еден до еден  со восхит ја гледале локомотивата. Уште едно големо олеснување на нивните потреби. Небаре молња одекнала. Тоа уште повеќе ги зближило луѓето. Со голем восхит и среќа, со насолзени очи од чадот во силен глас го поздравиле возот.

Чуф, чуф… тргнала и првата локомотива. Возбуда и радост ја затресиле земјата. Комопозицијата со неколу патнички, дрвени и товарни вагони му го најавил крајот на традиционалниот транспорт со арабаџиски коли, пајтони, волови, маски и магариња.

Loading