НА ДВЕ ТРКАЛА ДО ПОЧИНКА

Fraeri na dve trkala

Пред половина век, автомобилите биле реткост, а за ергените било срамота да се качат на коњ или магаре да стигнат некаде. Момите ќе ги гледале со презир, како реликвија, оти ги прегазило времето. Момците да не бидат демоде го окриле велосипедот. Ем изгледал фраерски, ем бркал работа. Го бидувало и за низ чаршија, и за на корзо, и за на нива. Секој си имал башка распоред, ама главно шемата била слична. Во петок и сабота шпацирање по корзото со “миленикот” и миленичката покрај себе, а неделата била за “бичење” по стрмнини и нагорнини со машко друштво. Можеби ќе паднела и некоја трка, на некој мал облог.

На фотографијава се тројца велосипедисти, кои после мачното вртење на педалите, одмораат крај бунар – геран, колку да се изладат и да ја избришат потта пред да тргнат за назад в град.

Loading