РЕКОРД СО АЛКОХОЛ

Неодамна, српската полиција запрела возач во Пожаревац со 3,45 промили алкохол во крвта. Пијаниот 54 годишен маж веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица на трезнење.

Во споредба со српскиот пример, прилепчанец води во испиен алкохол при управување со моторно возило. Во полицискиот дрегер, прилепчанецот дувнал 4,83 промили алкохол во крвта. Ова засега е македонски рекорд за измерено присуство на алкохол во крвта кој не е соборен веќе 4 години.

Инаку, светски рекорд “постигнал” Полјак. Во крвта имал 12,3 промили алкохол кој загинал во сообраќајна несреќа.

Loading