ИЗЛОЖБА „ЕТНО“ ОД ДРАГИ ХАЏИ НИКОЛОВ

Прилепско културно лето

Praznik za oci v galerija

„Етно“ е тематската изложба на 20 слики од Драги Хаџи Николов што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Делата се нераскинливо поврзани со етнографското творештво и носат јасни и прецизни безвременски пораки со многу естетика.

Уметникот вторпат се претставува во Прилеп.

Хаџи Николов е дипломец на ФЛУ во Скопје. Имал повеќе изложби во земјата и во странство.

Балкански изворен фолклор на камената бина

КУД “Бисер” од Македонија, КУД “Гоце Делчев” од Бугарија, КУД “Лесковац” од Србија, се дел од уметниците кои го негуваат извориот фолклор, а ќе настапат вечерва од 20.30 часот на плоштадот “Александрија” на традиционалната манифестација “Изворен балкански фолклор 2016”. Организатор е ЦК “Марко Цепенков”.

Друштвата се никнати да го одржуваат богатиот национален фолклор, пренесен преку песната на старите мајстори и звукот на кавалот, тапанот и гајдата.

Традиционална музика со Фан проџект

Препознатливиот и автентичен звук на традиционалната македонска музика во фузија со разни електронски аранжмани ќе се слушнат на концертот на групата Фан проџект утревечер од 20.30 часот на плоштадот Александрија. Групатата негува стил на музика што е мешавина на џез, рок и чил елементи.

Премиера на “Умри машки” на МДС

“Умри машки” е новата претстава што МДС која ќе се игра премиерно вторник во ЦК. Претставата е дел од одбележувањето на 10 годишнината од младинското драмско студио. Влезот е слободен.

Концерт на Баклава

В среда на плоштадот Алекснадрија целовечерен концерт ќе има етно составот “Баклава”. Стилот се базира на жив дијалог со естетските дострели на светската музика. Автентично се пренесува и македонското музичко фолклорно богатство. 

Loading