ДУБРОВНИК – БИСЕР НА ЈАДРАНОТ

– Мешавина од средновековни споменици и рај на земјата

Mamka za turisti e Dubrovnik

Како со временска машина, Дубровник ве враќа во ерата на ренесансата, со безбројните тврдини, тесни сокачиња и споменици на златното доба на дубровничката република. Време кога патриците се шетале дотерани на нивните поседи, а плебејците работеле во градските дуќани и занаетчиски работилници. И во Дубровник имало ѕидини со распоредени војници, а во пристаништето флота со над 100 воени бродови. Таа била гордост на Дубровничката морнарица, четврта во светот. Вриело од конзули кои брзале да испратат некоја вест до нивните суверени. Во воздухот се чувствувал мирисот на морето и постојаната опасност од ривалите, Венеција, Османлиите и Унгарците.

Во сегашноста се стигнува до “јадранскиот бисер” и се полнат очите со сé она што Дубровник го нуди. Ако решите да допатувате со автомобил до “земниот рај”, ќе се видат сценските убавини крај јадранската магистрала.

Во стариот град, се чувствувате изгубено, ама само за кусо. Со знаците, лесно ќе се снајдете. Каде се мотелите, каде се продавниците и спомениците… Сокачињата се за пешачење, затоа што се тесни и нагорни. Паѓа в очи Градската Хала, обновена во барокен стил по земјотресот 1667 г. Видливи старите хералдички знаци кои го делеле Дубровник од другите држави на бојното поле, во трговијата и развиената дипломатија.

Ако се загледате нагоре, нема да побегне од вид Минчетовата Кула, изградена за одбрана од турските освојуваачи. Во миг опфаќа сенс на времето кога палбата на мускетите, полнењето на топовите, фрчењето на стрелите и мирисот на барут било секојдневие. Историјата на Дубровник е скоро иста како сите републики на Балканот. Интензивен развој, внатрешен пад, странска интервенција и на крајот периферија на голема сила, на Австро – Унгарија. Дубровник никогаш не се вратил на старата слава, но од 1991 година е свој на своето, град во Хрватска.

Само шетањето по Страдун (главната улица) е единствен излез од менталната слика за богатата историја. За да се вратите во минатото можете да посетите неколку од многуте музеи, меѓу кои и спомен куќата на Марин Држиќ.

Ако научивте нешто ново за старото, редно е да научите нешто ново за новото.

Се негуваат летните фестивали. Насмејте се на Дубровничките летни игри, каде комичните опери фрлаат на земја. Ако сте љубител на седмата уметност, прекрасен е Филмскиот фестивал “Либертас”, на кратки “инди” филмови од независна продукција.

На туристите им доаѓа на ум да се “брцнат” во Јадранот. Нема да се згреши. Дубровник има 250 сончеви денови во годината, а летно време просечна температура е 26 степени. Плажите се налик на карипските, со ситна песок и сино – тиркизна вода. Има доста места за отседнување, а дубровчани се гостопримливи и љубезни луѓе. Покажуваат и упатуваат.

Останува да се открие градот кој го инспирирал Шекспир за неколку негови дела.

Loading