ПРИВЛЕЧНА МИСТЕРИОЗНОСТ

ТУРЦИЈА

Planinata i vodopadot se kapat vo Mediteranot

Турција, зашто не? Иако е популарна во светските туристички рамки, уште е прекриена со валот на мистериозност. Туристичките дестинации будат авантури и таинстевеност. Волшебството е посебно, оти секоја сезона нуди нешто ново. Нови хотели, нови туристички населби со сите посакувани атрибути за уживање на морето и на сонцето. Семеен или одмор за секоја друга варијанта. Турските туристички бази се распространети од Кушадаси до Аланија. Летувалиштата имаат печат на незаборавно задоволство и забава. Угостителските и сместувачките објекти се со висок туристички рејтинг. Сите приморски градови имаат таканаречена улица полна со забава, кафетерии, клубови, дискотека…         

Анталија и Лара

Анталија се наоѓа во подножјето на планината Таурус со врв од над 3.000 метри височина. Ги импресионира посетителите од првиот поглед. Градот и околината се богати со историја и култура, обележани од присуството на Римјаните, Византијците и Селџуците. Таму е роден и најпознатиот жител на регионот – Свети Никола. Песочните плажи и топлото, чисто море, го чинат овој град водечки центар на туризмот на медитеранскиот брег. Остри се контрастите. Градот е обиколен со палмини булевари. Атракција е живописниот стар град. Калеичи со кривулестите тесни улици во кои старите дрвени куќарки ги допираат градските ѕидини, елегантното минаре на Јивли Минаре џамијата од 13 век сé до најубавата марина на Средоземјето. Никаде како во Анталија не може да се ужива во капењето во топлото море и да се гледаат снежни врвови. Крајбрежјето е разнолико. Центарот е карпест, а периферијата нуди две прекрасни, широки песончни плажи: Коњалти и Лара. На Коњалти е исклучително популарниот Бич Парк, чии атрактивни дневни кафетерии, ноќе се претвораат во дискотеки. Анталија нуди бројни ноќни клубови, шопинг во големи трговски центри и сé она што е предност на двамилионската метропола. Хотелите не се  во урбаното јадро, но се одлично поврзани со комби автомобили. За неколку минути лесно се стасува до центарот.

Turskiot kristal Kemer

Кемер

Западниот брег на анталискиот залив е идеален за одмор, поради топлото море. Капењето е можно седум месеци, од април до почетокот на ноември. Морето е чисто и сино, а пејзажот го дополнуваат планинините во заднината, обраснати со листопадни и зимзелени дрвја, од кои дувка свеж и пријатен воздух во врелите летни месеци. Крајбрежјето е рамно со убави каменести плажи. Гратчињата се одлично меѓусебно поврзани со комби и со Анталија. Кемер е центар на овој регион. Оддалечен е од Анталија 40 км. За разлика од многуте хотели од типот на ресорти кои се како градови во мало и такаречи доволни за себе, во Кемер може да се најдат содржини надвор од хотелите. Престојот во хотелите им нуди на посетителите сé на едно место: кристално сино море и ситно каменеста плажа, квалитетно сместување на бази алл инцлусиве или ултра алл инцлусиве, потоа прекрасна природа обиколена и со непосредната близина на центарот на ова шармантно медитеранско место каде секој може да одбери нешто за себе. Тука е шопингот со прошетка на поплочените улици и модерната марина, или пак излегување во некој од стотиците примамливи ресторани додека се одморате во вечерните часови. Мајсторите на кујната не ги оставаат рамнодушни нити ситите. Мамат со пресни специјалитети и мириси на необични зачини. За помладите се на дофат забавите во дискотеките и клубовите. Белдиби се наоѓа на 12 км. северно од Кемера и 27 км јужно од Анталија. Кириш е  на 6,5 км  јужно. Градчето содржи, главно, луксузни хотели и понекоја продавница, менувачница и рент – а – кар агенција. Текирова е обиколена со море, планини и историски и природни локалитети. Оддалечена е 14 км јужно од Кемер. Ситните гранулати на мазни камчиња е содржината на најубавата плажа во околината со богато зеленило.

Belek poln so resorti

Белек

Белек е центарот на луксузниот туризам во анталијскиот залив, со раскошна медитеранска вегетација и исклучително поволна клима. Со долгите златни плажи, хотели од висока класа, шуми, идеални за мирен одмор и уживање во волшебствата на Медитеранот. Положбата е во близината на бројните историјски локалитети, овозможувајќи им на љубителите на античката култура богати садржини. Хотелите се  на растојание од околу 5 км., а врската е одлична со комбињата. Белек е на 35 км. источно од Анталија.

Istorija i tirkiz vo edno  - Side

Сиде

Сиде е антички град кој постоел уште од 7 век п.н.е. Остаток од античкиот период е еден од најголемите амфитеатри во Турција од 2 век. Одлично е сочуван и Аполоновиот храм. Привлекуваат туристи, сместени и во други турски летувалишта. Сиде се наоѓа на 75 км. од Анталија.     

Pestera sred Alanija

Аланија

Неколку километри долгата златно песочна плажа и боровата шума  во грбот на планината Таурус повикуваат за Аланија. Ова старо гусарско засолниште е заобиколено како круна во тврдината од 4 век. Змијулестите улички со необични куќарки, византиски фрески насликани во црквата и неколку помали џамии се простираат внатре во ѕидините. Во центарот е Црвената кула, симболот на Аланија. Тоа е  интересна градба од 1225г., претворена во музеј. За љубителите на песочните плажи Аланија е соодветен избор. Една од најубавите турски песочни плажи се вика Клеопатра. Се простира од центарот па на запад. Плажата Кејкубат е на исток. Предностите и посебностите на  Аланија се што плажите и хотелите се во градот и не е нужен превоз да се почувствува шармот на медитеранскиот град. Крај брегот има мноштво барови, чајџилници, кафетерии и ресторани со широк избор на меѓународна и национална кујна. Во копното, околу цитаделата, се врежани морски пештери. До некои се стасува само со чамец. Има некои до кои се стигнува и пеш, оти се во строгиот центар. Тоа е пештерата Дамлаташ или Ртот на капулскиот камен, во која расолага со импресивни украси на сталактити и сталагмити, а и воздух, за кој велат дека е лековит. Ноќниот живот е разновиден. Секој си го аранжира според желбата, меѓу живописните барови и дискотеки, кои работат до доцна во ноќта. Песочни плажи, историски споменици, убавината на природата, многуте продавници, ноќен живот… Сето тоа се најдува во Аланија.     

Loading