БРАНИТЕЛИТЕ НА МОГИЛА

Branitelite se poklonija na nepobedenite

По повод одбележувањето на двата Илиндена, 113 години од Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ, делегации од Локалната самоуправа, од Советот на општината, Здружението на борци, претставници од политичките партии, граѓани, положија свежо цвеќе и на Могилата на непобедените. Пред криптата се поклонија и членовите на Здруженијата на бранителите кои учествуваа во настаните од поновата историја во 2001 г. и на Карпалак.

Цвеќе беше положено и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андов Ченто, на споменикот на Кузман Јосифоски – Питу, на Ѓорче Петров и на Пере Тошев. 

Loading