
На второто издание на спелеолошкиот камп на Галичица годинава, во организација на спелеонуркачкиот клуб Ботом Тим од Охрид и Спелеолошкиот клуб Златоврв од Прилеп ќе биде организирана серија на активности. Се очекува учество на колеги од Србија. Трагачите во темнините на утробата на планината ќе имаат сува спелеологија и вежби на спелеонуркачки техники под вода, ќе вежбаат спелеолошки техники на јаже, ќе ги посетат познатите и ќе се истражуваат нови пештери.
Спелеолозите засега не откриле некоја туристичка пештера лесна за пристап на туристи. Во една се откриени остатоци на коски за кои се верува дека се од палеолитот. Се најавува земање на примероци од подводната пештера во Албанија.
Досега се откриени четири суви пештери на Галичица и три подводни во Албанија.
Пештерите се интересни и за научната јавност, за геолозите, и научниците.
![]()

