ТРЕНИНЗИ ВО ПАЛЕРМО

Илија Несторовски

Nestorovski vo Palermo

Од понеделникот Илија Несторовски стартуваше со тренинзите во италијанскиот прволигаш Палермо. Првиот прилепчанец кој е дел од калчолигата, наиде на срдечен прием во клубот каде има сонародник, напаѓачот Александар Трајковски. Очекувањата се големи како од тренерот Давиде Балардини, така и од соиграчите, првенствено од хрватскиот голман Јосип Посавец.

– Несторовски е голем човек, најдобар играч од хрватската лига. Може да го замени репрезентативецот Џиралдино. Игра добро и со нога и со глава. Очекувам да даде над 10 гола – изјави Посавец.

Несторовски дојде од Интер Запрешиќ, претходно беше во Чешка, а до 2009 година настапуваше за Победа.

Nestorovski potpisa za Palermo

Loading