НЕИЗБРИШЛИВИ СПОМЕНИ

Благој Митев

Mladosta ja pomina vo Pobeda - Blagoj Mitev

Гостуваше екипата на Турново, а во Стручниот штаб, покрај тренерот Јане Николоски, беше помошникот Благој Митев. Повозрасните се сеќаваат на неговите настапи како лев бек на Победа, некаде од 1973 до 1978 година.

– Игравме во Втората југословенска лига, каде имавме мошне добри резултати и многу публика. Незаборавни спомени – вели Митев.

Подоцна се врати во Беласица, со која има незаборавно гостување во Прилеп, во 1979 година. Дерби натпреварот од Републичката лига со Победа одлучуваше која екипа ќе биде првак и ќе стане второлигаш. Медиумите проценија 20 илјади гледачи.

– Победа не совлада со 3-1, а јас го дадов единствениот гол за Беласица. За нас бранеше Истатов. Иако загубивме, спектаклот останува во трајно сеќавање – рече Митев.

Loading