НАД ТРОЈЦА ВЕЛЕМАЈСТОРИ

Шах

Robert Veleski

Во Загреб се одржа отворен меѓународен турнир „Крунослав Хулак“ на кој учествуваа најактивните прилепски шахисти, ВМ Звонко Станојоски и ФМ Роберт Велески. Во конкуренција на 183 учесници од девет земји, постигнати се одлични пласмани. Станојоски освои 6,5 поени на девет партии за 14. место. Пласманот е над тројца од 13 велемајстори. Велески освои 6 поени на девет партии за 29. место, што е прогрес за 14 места во однос на стартната позиција.

Следен интересен турнир за учество во Хрватска е “Опен Топуско”, во август.

Loading