ГРАДОТ ЗРЕЕ СО СТАРА АРХИТЕКТУРА

Prilep sproti gradskata apteka

Четврта деценија од минатиот век. Прилеп мириса на стари објекти, несекојдневно изградени, ниски, заоблени, нацртани внатре со разни слики, обично со библиски приказни, дуќани со дрвени или тенекиени кепенци, калдрмисани сокачиња. Дрвца се извишиле меѓу градбите со многу прозорци да има светлина. Измешани се многу култури. Камената зграда на Тутунски животари уште од турско. Гимназијата се гледа и на сликава.

А на аголот, ан “легнат” спроти сегашниот, зад сегашното казино Апекс. Просторот е насредина и за арабите и добитокот. Околу се конаците за ноќевање за уморните гости кои доѓале од секаде. Дел од анот бил урнат кога се правела улицата. Постарите ја паметат уште здравата куќа на Војо Бозаџијата, која и денес не се предава на времето.

Loading