НАЈГОЛЕМ ТЕАТАРСКИ НАСТАН ВО МАКЕДОНИЈА

Завршува 51. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Zivotot e prekrasen

Со доделувањето на наградите и потоа со изведбата на операта „Кармина Бурана“ на МОБ, в петок вечер од 20 часот завршува годинешното 51 издание на МТФ „Војдан Черндорински“. Публиката во седумдневното театарско славје имаше можност да проследи 12 претстави во официјална конкуренција, шест во оф програма и повеќе промоции на театарска литература. Претставите, сите различни, според естетика, режија, беа добро примени кај публиката, која знае да препознае квалитет. И кога се очекува со нетрпение да се соопштат имињата на наградените, останува да се сублимира, да се каже каков фестивал имавме годинава.

Лилјана Мазова, театарски критичар вели дека МТФ е пресек на сработеното на театрите во Македонија.

– Фестивалот го живее ритамот на театарот во Македонија. Неколкуте видови содржини, како и програми, промоции, изложби, ја збогатуваат таа слика. Мој предлог е, кога има обемна оф програма, да се воведе награда, да речеме за најдобра претстава во тој дел со што ќе има дополнителен стимул како поле за натпревар – вели Мазова.

Според театрологот д-р Ана Стојаноска, фестивалот го донесе прегледот на продукцијата од сите театри во земјата. Вели дека, како театролог, í недостасуваат разговори за проследеното.

– Постои континуитет, сила, енергија, што го придвижува МТФ. За следните изданија потребен е покритички избор, разговори, работилници, форсирање на домашниот драмски текст, да не останеме само на прочит и објавување, туку да има поставки на домашните сцени, за да не се заборави која е мисијата на фестивалот – вели Стојаноска.

Театарскиот критичар и творец, Љубомир Груевски, потенцира дека МТФ е богатство од мноштво посветеници на театарот, кој е духовна жетва, односно најголем културен настан во Македонија.                  

Loading