КОЦКИ НАМЕСТО КАЛДРМА

Стар Прилеп

Del od plostadot vo seesettite

Улицата Борка Талески, сега плочникот кон училиштето “Кочо Рацен”, некогаш беше сообрајќајница послана со гранитни коцки. При урбанизирањето на Старата чаршија и таа доби друг лик. Наместо коцки, се наредија плочки во осумдесеттите, како што исчезна калдрмата од чаршиските сокачиња.

Сликата го покажува редењето на коцките и замирисувањето на градот на камен, наместо на тутун, и пробивањето на улици со урбанизацијата во шеесеттите години од минатиот век. 

Loading