ЗВУЧНА И ТОПЛОТНА ИЗОЛАЦИЈА СО НОВА ПВЦ ДОГРАМА

Вложени 3,5 милиони денари во ОУ „Блаже Конески

Se presece lenta za airlija za novata stolarija

Комплетната смена на старата со нова ПВЦ дограма во ОУ „Блаже Конески“ беше означена со мала приредба во присуство на градоначалникот Марјан Ристески, претставници од локалната, директори од другите училишта, ученици и наставници. Капиталниот проект со средства во вредност од 3,5 милиони денари од локалната самоуправа, го смени не само изгледот на училиштето, туку придонесе и за звучна и за енергетска ефикасност, но и за топлотна изолација. Амбиентот за совладување на наставното градиво драстично е подобрен во оваа воспитно-образовна установа.

Градоначалникот најави доуредување на дворот и спортското игралиште во подрачното училиште во Варош, а со поддршка на Владата и МОН изградба и на спортска сала.

Nov sjaj na OU Blaze Koneski

– Еден од покрупните е проектот Енерџи Нет со средства од ЕУ и прекуграничната соработка во вредност од 130 илјади евра, од кои голем дел ќе се искористат за комплетна реконструкција на економското училиште. Досега, во училиштата во градот и во населените места се инвестирани над 10 милиони евра за уредување на внатрешниот, надворешниот дел, дворните површини, заградувањето, осветлувањето, фасадното уредување, новите спортски сали и терени, со што училиштата од најзапоставени, прераснуваат во најубавите образовни установи – рече Ристески. 

Упатувајќи благодарност, директорката Марија Дулевска истакна дека смената на столаријата е омилен проект со кој на прекрасен начин се привршува учебната година, стремејќи се кон остварување на други поголеми проекти и успеси. 

Loading