ПОГЛЕДИ КОН ЧЕЛЕНЏ КУПОТ

Ракомет

Moment od natprevar vo Univerzalna

Зад нас е успешната суперлигашка сезона на машката екипа на Прилеп, која го освои високото четврто место на табелата. Тоа значи обезбеден пласман во европскиот Челенџ куп. Иако е летен одмор, уште од сега интересот и погледите се свртени кон настапите на евро – сцената. Несомнено, клубот го очекуваат нови предизвици на кои мора да се одговори со повисок квалитет, организација, буџет… Нужна е уште поголема финансиска поддршка за спортот, еден од омилените за прилепчаните. Во врска со играчкиот кадар сигурно се потребни засилувања, покрај задржувањето на првотимците. Една од задачите е да се обезбеди поголема сала за одигрување на натпреварите, според стандардите на ЕХФ. Останува да се види дали Универзалната сала повторно ќе биде ракометен дом како порано.

Ракометарите се на заслужен одмор. Наредниот собир треба да биде кон крајот на јули или во почетокот на август.

Loading