ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАЕЗДА НА ГЛОДАРИ И ИНСЕКТИ

Se postavuvaat maki za gluvci

Екипите од Центарот за јавно здравје изведуваат дератизација со отровни мамки во канализационите градски системи, на депонијата Алинци и во неколку села. Посебен акцент се става на детските градинки, училиштата, здравствените установи и водоснабдителните објекти. Предмет на треман се 3.800 шахти во кои ќе бидат ставени 14.000 стапици. Првата фаза ќе трае до 20 јуни, а втората е наесен.

Паралелно, ќе се одвива превентивна дезинсекција во вечерните и утринските часови или од 22 часот навечер до 05 ч. наутро. За уништивање на жариштата на ларвите на комарци ќе се третираат теченијата на реките. Ќе се уништуваат и возрасните комарци на 80 хектари.

– Ќе се третираат сите урбани заедници во градот и населените места за заштита на населението од заразни болести, предизвикани од глувци и од болестите кои ги носат комарците – истакна д-р Горан Кузески од Центарот за јавно здравје.

Оттаму апелираат на претпазливост.

– Строго се забранува допирање, преместување и отстранување на мамките, а на домашните животни и миленици треба да им се спречи контактот со овие стапици. Не е дозволено фаќање или преместување на изумрените глодари. Остатоците не треба да им се нудат за храна на домашните миленици. Потребно е пчеларите да ги заштитат пчелните семејства додека се изведува дезинсекцијата – велат до Центарот за јавно здравје.

Градоначалникот Марјан Ристески вели дека локалната самоуправа се грижа за заштитата на населението и од буџетот е издвоен еден милион денари за ефикасно третирање на инсектите и глодарите.

Loading