MENS GALLERY
За момчиња со смелост да ги облечат, уникатни “парчиња” гардероба мамат од излогот на бутикот MENS GALLERY, наспороти пицеријата Борзои. Желбата за работа со клиенти и страста за мода, низ чувството за оригиналност и неповторливост, кај правникот Марио Драгоманоски резултираше со влез во бизнис водите. Откако години тлеел стремежот за бутик, како оние на кои им се воодушевувал во Австралија, дојде мигот сонот да стани реалност. По големото отворање на 6 април, MENS GALLERY отскокнува. Сопственикот овозможи муштериите да бидат во чекор со модните трендови, едновремено предизвикувајќи сопствено задоволство од подемот на бизнисот. Галерија или мал дом е простор за широк опсег на модни стилови за мажи, место каде секој може да најде парче облека според вкусот и за своја душа. И ентериерот привлекува покрај понудата, бидејќи е исполнет, зрачи креативност, или во хармонија со името, MENS GALLERY. На таа основа постепено се создава имиџот на бутикот.
– Ме радува што муштериите го наоѓаат бараното. Нема поголем ќеф да заслужиш насмевка, да предизвикаш пријатно расположение кај потрошувачите кога ќе се дотераат тип-топ. Во работата се внесува љубов и се тера со срце. Нема опстанок без дар за комбинации – вели младиот сопственик.
Бутикот е исклучиво за машка облека – од спортска до класична, за сите возрасти и големини. Асортиманот е богат, така што на едно место муштеријата купува модерна машка гардероба со турски квалитет – од лежерна, за секој ден, до облека за свечени пригоди, како и тинејџерска. Секојдневно, чувствувајќи го вкусот на клиентите, се следат модните трендови со последниот здив на моделите во најразлични бои, дезени и комбинации, а се сонувани од муштериите, бидејќи го истакнуваат стилот и единственоста. Нудат облека во која муштериите, се чувствуваат комфорно. Модните крикови доаѓат пред да се обелоденат на манекенките на модните писти. Затоа, при излегувањето од галеријата за машка мода изгледаат совршено и естетски дотерано соодветно на стасот. А и цените одговараат за нашиот џеп. Тоа значи дека се достапни. Еднаш кога муштеријата е освоен, станува “заробеник” на MENS GALLERY. Никогаш не заминува на друго место, туку се враќа пак и пак, како во “светилиште”. Дотерани како од модно списание, некои толку се воодушевуваат што и самите не се препознаваат. Иако е новајлија, Драгоманоски е лидер во обезбедувањето најнови модели. Водилка му е задоволството на муштериите, затоа секогаш смислува нешто атрактивно во понудата.
{AG}404/galeri{/AG}
– При набавките се трудам да бидам единствен, за да ги задоволам критериумите на сите кои препознаваат и ценат квалитет. Мерка за набавка е тоа што го нема на домашниот пазар. Не копирам, туку носам модели, кои се комбинираат. Помагам и при изборот додека не се бендисаат. И за тоа е нужна дарба – додава Драгоманоски.
Со широкиот асортиман, пронајдувајќи го парчето облека што им недостасува на потрошувачите во плакарот, сигурно ги задоволува вкусовите и на најпребирливите.
– Се успева со тотална посветеност и вложување. Нема запирање, постојана активност, мозокот да работи 300 на саат, да фрчат идеи и комбинации. Нужна е позитивна атмосфера, со респект, оти муштеријата секогаш е во право и не знае да погреши. И мажите бараат внимание. Претендираат да се во тренд по највисока мода – вели правникот навлезен во светот на модата, со интенција да се проширува и да креира синџир од бутици.
Со позитивниот дух, професионалноста и љубезноста и пријатната атмосфера, на муштериите им праќа порака дека секогаш се добредојдени. Без обврска за купување, вратите се отворени за сите посетители, кои ќе ги пречека насмеан персонал, подготвен за помош и совети.
![]()

