ОСВОЕН „МАКЕДОНСКИОТ ПОКРИВ“

Faten Titov vrv

Шеесетина планинари на друштвото Картуш не се изморија, туку уживаа во прекрасната патека, долга 25 километри, при освојувањето на највисокиот врв во земјава, Титов Врв, на Шар Планина, во рамките на традиционалното искачување на повеќе планинари. Прилепчани го развиорија македонското знаме на местото каде снегот ретко се топи, на највисоката македонска точка од 2774 метри. До близината на облаците се пешачело од Попова Шапка, во поход од десетина часа во двете насоки по пријатно време со сонце. На местото за средба на небото и земјата, дел од мераклиите на природата се тепале со снежни топки, други се сликале, слечени до појас, а трети скокале боси на белиот ќилим.

Според планинарите, фасцинантна била панорамата на земјава и соседите од “македонскиот покрив”.   

Loading