Пиво фест од 14 до 17 јули
Српскиот фолкпејач Аца Лукас ќе настапи на претпоследната вечер на Пиво фестот на 16 јули. Традиционалниот празник на пивото се слави од 14 до 17 јули на булеварот и плоштадот во центарот. Лукас го најави настапот на својата фејсбук фан страница.
Се очекува организаторите да ја објават програмата со гости за забавниот дел од фестивалот.
Досега, на Пиво фест настапиле повеќе македонски и балкански познати музичари и групи како Цеца, Здравко Чолиќ, Северина, Дино Мерлин, Горан Бреговиќ, Ина, Прљаво казалиште, Кирил Џајковски, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ, ДНК, Љубојна, Слаткаристика…