НОВО КОНЦЕРТНО ПИЈАНО ПО 37 ГОДИНИ

Ново концертно пијано доби градот. Пијаното го набави музичкото училиште. Сместено е во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Промоцијата ќе се случи в понеделник од 19 часот, кога учениците од музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, ќе се претстават пред публиката.

– Пијаното од марката ЈАМАХА е значаен чекор за развојот на образованието и на културата. Благодарение на истрајноста која ја вложивме за собирање на финансиски средства, успеавме да го набавиме. Градот се збогати со нов инструмент од ваков вид после 37 години. Последното е купено во Домот на културата во 1979 година. Публиката ќе ужива во преубавите музички бои и целиот музички капацитет на инструментот – велат од музичкото училиште.

Loading