ФАБРИКА ЗА ОТКУП И ПРЕРАБОТКА НА ТУТУН

Грчката компанија СЕКЕ ќе гради

tutun

 

Околу илјада тони ориентален и крупнолистен тутун од производителите од прилепско и цела Македонија од годинешната берба ќе преземе десеттата компанија за откуп на тутун во земјава СЕКЕ од Грција. За скоро време ќе почне градбата на фабриката за преработка во Крушево, вредна околу четири милиони евра, во која постепено ќе се ангажираат околу 300 работници”.

Ова го најави првиот човек на компанија, Александрос Контос.

Според него, македонскиот тутун е атрактивен на меѓународниот пазар.

– Има интерес за купување на тутун од Македонија. Очекуваме почеток на градбата на фабриката во Крушево, оти земјиштето е купено. Ако задоцни изградбата, ќе откупуваме тутун од сите региони во земјава во изнајмен објект – изјави Контос.

Компанијата СЕКЕ откупува тутун и во Грција и во Бугарија.

Според директорот на државниот земјоделски инспекторат, Цветан Трипуновски, десетата компанија меѓу откупувачите на тутун е дополнителен и сигурен пласман и загарантиран откуп.

Годинава околу 28 илјади семејства на тутунопроизводители и препријатија во земјава се очекува да произведат околи 25 илјади тони тутун, расадени на 13 илјади хектари.

Loading