„ЕДНО ВРЕМЕ – ЕДНО СОКАЧЕ“ ОД МИРЈАНА СЛАВЕСКА

Mirjana Slaveska so roman za edno minato

Новата прозна творба на сограѓанката Мирјана Славеска, позната како поетеса, е „Едно време – едно сокаче“. Со специфичен стилски ракопис е создаден романот што покажува важно правило на еволуцијата на  националната книжевност.

– Романот е стабилен, одличен и естетски издржан. Делото се јавува во добата на зрелиот постмодернизам – вели писателот Венко Андоновски.

Авторката вели дека во драгото сокаче сонувала розеви соништа за луѓето кои останале бесмртни.

Славеска, која сака да твори за нашето наследство, издала повеќе стихозбирки.

Loading