„ЗАПИСИ“ ОД ГОРАН ЈОВАНОВ

Изложба во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“

„Записи 2“ е тематската изложба на графики и слики од уметникот Горан Јованов што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“.

Уметникот ќе се претстави со дела со линија, форма, симбол, кои се хармонични сцени на безвременски простор полн со мистичност.

– Во творечкиот опус авторот се стреми кон оптички ефект на рефлексија и мултиплицирање на природни и ликовни симболи, користејќи ја неисцрпната и неограничена можност на класичниот графички медиум. Цртежот како носечки елемент претставува врежан доживеан момент, кој транспонирајќи се од скици во цртежи, а потоа во графички лист, станува траен белег на неговото постоење – вели м-р Христијан Санев, претседател на ДЛУМ.

Инаку, Јованов е магистер на ФЛУ во Скопје. Реализирал повеќе изложби во земјава и во странство.

Loading