ДЕБРЕШЛИОСКИ ПОДАРИЈА НАОДИ НА МУЗЕЈОТ

Artefakt od selo v muzjej

Три репрезентативни наоди од мермер од античкиот град Стибера, случајно пронајдени од двајца жители на селото Чепигово, се предадени во Музејот. Артефактите ги пронашол Васко Дебрешлиоски, кој раскажува дека  во својот двор открил маркантна надгробна плоча со релјеф.

Од Музејот велат дека на плочата, покрај покојникот со име Октавијан, се прикажани божицата Афродита и митскиот јунак и полубог Херкул.

– Дел од куќите на жителите на селото се изградени врз античката некропола. Другите наоди се случајни откритија при земјоделски работи на две соседни ниви на влезот во селото – вели археологот Душко Темелкоски.

Васко Дебрешлиоски пред пет-шест години откри мермерна скулптура и монументалните аголни, архитектурни естетски елементи, а внук му Љупчо открил мермерна плоча со приказ на еден од божјите синови.

– Наодите ги предадов на државата. Стибера крие големо богатство. Државата час поскоро треба да изврши експропријација на земјиштето и да го разоткрие богатството – вели Дебрешлиоски.

Гестот на населението е потврда за свеста за богатството скриено во античкиот град Стибера, распослано во атарот на селото.

Понатамошните археолошки истражувања да течат без бирократски пречки, во тек е постапка за реципроцитетна замена на парцели во приватна сопственост со ниви од државата.

Темелкоски најавува продолжување на истражувањата на работилницата и светилиштето на божеството со птичјо лице од 2014 година а кои се единствена појава во поширокиот регион. 

Loading