ЖЕТВА НА ПОСЕАНОТО

ПЛОДНА ГОДИНА НА СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“

– Севкупната победа на тракторските натпревари е круна на низата постигнувања

1. Gi grabnaa nagradite pak na traktorskite natprevari

Не е сефте да се китат високите достигнувања на учениците од СОУ „Орде Чопела“ со медали, особено на државните мегдани. Го свртуваат вниманието знаењата, ентузијазмот и работливоста. Како што се докажани низ годините, и оваа се наполнија училишните витрини со медали и пехари. Наградите се плод на посеаното годинава, лани, на традицијата. Врвните места се редат од натпреварите за лидер на струка, преку МАССУМ, до тракторските  битки. Блескаат лицата на учениците и професорите со успешниот и наградуван воспитно образовен процес во хемиско – технолошката струка со профилите прехранбен, производно-процесен техничар и нутриционист, земјоделско ветеринарната струка со ветеринарен, техничар за агроменаџмент, за фармерско производство и за хортикултура, како и профилите техничар за очна оптика и геодетски техничар. Шлаг на победоносната торта е севкупиот триумф на тракторските натпревари.

 – Наградите се верификација дека училиштето нуди одлични услови за практичната настава. Рефлексија на успешното работење и на наставниците со учениците е освојувањето први места. Не само што се стимул за проширување на знаењата и совладување на вештини за пракса, туку и се привлекуваат основците да бидат дел од успешната приказна. Подготовката се води во практичен стил, и профилите се спремни да градат кариера веднаш по излегувањето од клупите – вели директорката Анита Ѓорѓиоска.

Доминантни трактористи

Се вратија со титулата севкупни победници од 49. тракторски натпревари. Битка биеја со девет земјоделско – ветеринарни училишни ривали. Челните места ги запоседнаа за вешто орање и возење трактор, препознавање коски и органи на домашни животни и аранжирање цвеќе. “Бели во очите” ги оставија тетовчани.

На Џем Реџепоски ни годинава не му побегна врвното место за вешто возење трактор и орањето. Со вежбање со училишниот трактор, упееа да ги одбегне пречките, да ја управува земјоделската машина и во кривини и да ја паркира наназад со почитување на прописите. Заедно со соученикот Томислав Терзиоски, и  како екипа се избориле за првата позиција.

И девојките ги бидува за возачи на трактор и умешно орање. Ирена Дивјакоска со леснотија го потврди успехот од Државниот натпревар меѓу земјоделските претпријатија, индивидуалните фармери, студентите и учениците. Повторно го освои челното место. И парираше колешката Ангела Стомнароска. Заедно, седејќи зад воланот на тракторот, се изборија и за првото место екипно. Задоволството не го криеше менторот Камче Бошковски. Тој е особено горд што на “менито” биле само златни медали. И кај момчињата, и кај девојките, и поединечно, и екипно.  

5. spire nt

Кај ветеринарите, одамна е познато дека нема пораз во натпреварите. Во дисциплината препознавање на коски и органи од домашни животни, под менторство на Игор Галоски, матурантот Спиро Божиноски, повторно го освои првото место. Благојче Филипоски беше втор. Нивните брзи и вешти препознавање на органи и скелет од свиња беа резултат и на редовната и ефектна практична настава во училишната амбуланта и на фармите.

Креативноста низ совладаната материја преку посетување обуки во земјата на цвеќињата, на техничарите за хортикултура, Стефанија Миноска и Васе Петреска, под менторство на Ружица Јагуриноска им го донесе третото место за аранжирање цвеќе.

ТРИ МАССУМ НАГРАДИ ЗА СРЕЌА

2. Zlato za najdobar stand

Нема МАССУМ натпревар, а СОУ „Орде Чопела“ да не блесне во злато за најдобро уреден штанд. Под менторство на Анита Галеска и Анкица Илиеска, дотераниот штанд од убаво, поубаво, беше заслуга на учениците Марија Талевска, Ангела Петреска, Игор Јакимоски, Николче Максимоски и Ангела Ацеска. Преку штандот накитен со цвеќиња од профилот хортикултура, збогатен со бели печива замесени од рацете на прехранбените техничари, по некое овошје од нутриционистите, епрувети од хемиско-технолошката струка, па и мини трактор и животинче од земјоделско-ветеринарната струка, меѓудругото ги претставија и сите образовни профили со кои располага училиштето. Матурантката Емилија Чавлеска зеде дури две награди на МАССУМ – злато за кариерно портфолио со менторот Ѓорѓија Гагалески, а за интервју за работа на македонски јазик освои второ место под раководство на Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска.

3. Intervju za rabota

МЕДАЛИ И ОД НАРОДНА ТЕХНИКА

Ветеринарниот техничар Спиро Божиноски го бидува и за хемија. Предводен од професорките Билјана Апостолоска и Татјана Тасевска триумфираше на Државниот натпревар на Народна техника во областа Обновливи извори на енергија.

5. mihaela nt

Во областа неорганска хемија, трето место освои Михаела Иломаноска, ученичка во прва година, под менторство на Васка Слабејкоска и Медиана Николоска. На третата позиција се искачи и Назмије Алиоска, ученичка во трета година,  во областа екологија со менторите Јасмина Петреска и Звездана Николоска.

ОД СИТЕ СТРУКИ, ПО НЕКОЈ ЛИДЕР

4. SOU Orde Copela se zaktija so titula lideri na site   struki

На државниот натпревар Лидер на струка, не само што учествуваа во сите образовни профили и струки, туку и во сите освоија награди.

Во профилот очна оптика ги “измеркаа” првите три места, извојувајќи апсолутна победа. Барбара Башеска се закити со титулата лидер на лични услуги под менторство на Каролина Дамјаноска и Александра Стојческа Трајческа. Со истите ментори, Викторија Димоска беше втора, а Сара Стеваноска под раководство на Ангела Петреска ја зазеде третата позиција.

На туѓ терен во Свети Николе, со менторот Игор Галоски, невидениот талент Спиро Божиноски уште еднаш ја докажа теоретската поткованост што потоа умешно ја примени на дело при преглед на крава и апликација на лекови. Вложениот труд во минатите четири години го верификува со титулата лидер на земјоделско-ветеринарната струка.

Во хемиско-технолошката струка, Ивана Петреска го освои второто место во профилот прехранбен техничар со менторите Билјана Апостолоска и Каролина Боцеска. Второнаградена беше и Николина Ристевска во градежно-геодетската струка под раководство на Василчо Стеваноски. Предводени од Камче Бошкоски и Ружица Јагуриноска, Сандра Јакимоска застана на втората позиција во хортикултура, а Ферат Амедоски беше трет меѓу техничарите за фармерско производство.

МУЗИКА И ТАНЦ ЗА МОСТОТ СО ГОСТИВАРЧАНИ

6. Uspesno zaokruzen proektot Gradime mostovi

СОУ “Орде Чопела” низ неколку месечни работилници изгради мостови со партнерот СОУ “Гостивар” за прогрес на интеракцијата, разбирањето и меѓуетничката интеграција во училишната средина. Станува збор за проектот “Building Bridges”, изготвен од професорката Анита Бунеска и педагогот Тереза Златеска Трајковска, за кој добија грант од седум илјади евра од МОН, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Успешното завршување на заедничкиот проект го означија со неверојатна изведба исполнета со музика и танц во ЦК “Марко Цепенков”.  

Loading