ПРИЛЕП „ДАЛЕКУ“ ОД МАРКУКУЛЕ

NIz pole do VarosСе издолжил Прилеп до сегашната Гимназија. Последен објект е едниот камен магацин од Тутунскиот комбинат. Кадрото го овековечило градот пред да се прошири накај Маркукуле.

Во фокусот е амбиентот околу Соколаната. Во неа тренирале нашите дедовци, татковци. Спортисти наречени соколи. Се одржувале и игранките, баловите, се раѓале љубови, се вкусувале првите бакнежи.

 Ја нема гимназијата, туку се истегнало полето под Марковите кули. Од бедемите, пак друга панорама.

Архитектурата е стара, но интересна. Куќите зрачат автентичност и време. Високи, со дрвени кепенци, со многу прозорци, чардаци. Старите граѓани држеле до хигиената. Биле многу чисти.

Се извишило и минаре на џамија. Имало соживот со Турците. Градот пулсира во тој стил и начин на живот. 

Loading