ПРОСЛАВА НА ДЕНОТ НА ДЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА

Den na detska literaturaСо пригодна манифестација денеска во Библиотеката се одбележува Денот на литературата за деца – Втори април. Едновремено, се слави и роденденот на легендарниот мајстор на басните, Ханс Кристијан Андерсен.

Станува збор за интеракција, на која најмладите читатели уживаат во изведбата на детски бајки и остваруваат литературна средба со Киро Донев, автор на литература за деца. Децата се запознаваат со неговото творештво и ја разгледаваат продажната изложба на книги за деца.

Инаку, библиотеката е литературно и културно средиште. Сношти, Здружението на литературни творци – Прилеп имаше хумористично поетска вечер “Мајтап дружење”, по повод 1 април – Денот на шегата. Со лични творби со хумористична содржина учествуваа повеќе творци.

Новинарот и публицист Тренчо Димитриоски одржа предавање за археолошкото богатство на селото Селце.

Loading