ИМААТ СИЛИ И МОЖАТ

Победа

Фудбалерите на Победа играат променливо во второлигашкото првенство и со тоа влијаат врз расположението на приврзаниците. Убедливиот триумф 1-3 (со головите на Гешоски, Шаркоски и И. Мирчески) над Македонија во Ѓорче Петров е веќе сериозна надеж за кандидатура за врвот. Победата е потврда дека составот има сили. Трипати го растурија есенскиот првак Љубанци. Пред нив падна и сегашниот лидер Тетекс. Тоа е доволно за поголема самодоверба. Наредното коло пак “муштерија” е Тетекс, на неутрален терен во Турново. На место се оптимистичките очекувања за нови три бода. И тетовчаните не се најсигурни. Минатото коло дома киксираа 0-0 против Еуромилк. Како што се одвива првенството, со врзани две – три победи, од долниот дел се стигнува до врвот.

Табела: Тетекс 30, Велазерими, Скопје и Македонија ЃП по 29, Победа 26.

Loading