„ПРОКОЦКАНИ“ СЕДУМ РАЗЛИКА

Ракомет мажи

Moment od derbito Prilep - OhridОдамна што не се случило го видовме во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Екипата на Прилеп водеше со 18-11 против Охрид и дозволи гостите да направат пресврт во финишот за подвиг од 22-23. Кога се чинеше дека прилепскиот тим ја има победата, се виде дека не е доволна само рутинска игра, туку и пожртвуваност, одлика што ги красеше гостите. Тие повеќе го сакаа триумфот и пласманот на второто место од табелата и ја имаат предноста од шест бода. Прилеп сега е четврто место и тука ќе остане по следното коло кога гостува на фаворитот Металург. Во екипата на Томче Петрески добро е што младите добиваат минутажа и ја оправдуваат довербата.

Табела: Металург 48, Охрид 36, Работнички 33, Прилеп 30.

Loading