Жени
По паузата од три ипол месеци, викендов продолжува првенството од Женската ракометна лига. Од основниот дел претстојат уште три кола, во кои екипата на Прилеп еднаш е слободна и остануваат само два меча. Првиот е викендов во Битола со Пелистер. На пелагониско дерби може да се очекува борбен, интересен меч. Домашните сакаат реванш за есенскиот пораз од 21-20, а гостинките оправдување на пласманот со едно место погоре и двата бода повеќе.
Табела: Вардар ј. 27, Металург 24, Куманово 18, Ѓорче 10, Прилеп 9, Пелистер 7, Овче Поле 2.
![]()

