„ЦУТИ“ВО МЛАДОСТА

Plostadot po VojnataОкото на фотографот го „чкрапнал“ Прилеп во цутот на „младоста“. Фотографијата е и едноставна, и шаренолика со зградите и куќите во центарот.

Се издолжил како низа велелепниот хотел Југославија и грандиозно се издигнал хотел Јадран, потоа хотелот на Миновци во далечината. Тука е и споменикот на сегашниот плочник, а “окото” од Градскиот часовник забележало дел од сокаците на Старата чаршија. Па и зградата на Синдикатот и старата библиотека. Убаво изгледал архитектонски градот. Средено, без конфузија.

Се распослало и дел од полето околу. Уште неизграден, полека се “вишнее” и шири градот да ги дофати Марковите кули кои, постојано му бегаат, а му се на дофат… 

Loading