СО РОМАН НА САЕМОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО БЕЛГРАД

Превозничката агенција Роман и годинава ве води на една од најпрестижните саемски манифестации во регионов, на Саемот на автомобили и мотоцикли во Белград. Една од причините за посета на “БГ Кар Шоу” е тоа што ќе може удобно и брзо, со супер модерните туристички превозни средства, да се стигне во Белград и да се видат 40 нови модели на “убавци” на четири тркала, и тоа со Роман.

За уживањето да биде подостапно, веќе неколку години Роман традиционално организира тури до Белград за најубавата изложба на автомобили и мотоцикли која годинава ќе биде со акцент на алтернативните погонски системи, електрични возила, возила на воден погон и на иднината на хибридните погони за доживување на највозбудливи моменти.  

Loading