ТУРЧИН И ДАМА

Potomcite gi neguvaat obicaite na pretciteСо децении, па и векови има традиција маскирањето за празникот Велики Поклади. Еден наш сограѓанин испрати слика на преправени прилепчани, сликани во некое фотографско ателје во 1941 година. Двајцата пријатели, како што стои на заднината на сликата, се Атанас Нешкоски, жената, и Стојан Филипоски, Турчинот. Едниот се преоблекол во дама, а другиот во турска автентична облека со фес, бечви и џамадан на појасот, држејќи кубур во рацете, насочен кон модерна девојка од тоа време, дотерана во црн фустан. Двајцата пријатели сакале да ги доловат суровите времиња на малтретирање на турските големопоседници врз домашното недолжно население, непрвејќи разлика меѓу мажите и жените.

Сликата сведочи дека адетите што ги негувале граѓаните биле отпорни и на српски, и на бугарски, и на комунистички режими.

Loading