Четири жени од Прилеп и една од Неготино, осмомартовското патување во Италија ќе го памтат по украдените пасоши, а не по розите и празничните прошетки и шопинзи низ Венеција или Верона. Од автобусот им исчезнале чантите со личните документи, по некој мобилен телефон, фотоапарат и картички во близина на Лидо ди Јесоло. По записниците кај италијанската полиција, македонскиот конзулат во Венеција брзо им извадил нови патни исправи и патниците комплето заминале да ја видат Верона, позната по трагичниот крај на љубовта меѓу Ромео и Јулија.
![]()

