ИНИЦИЈАТИВА ЗА ФОНД ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ

Иницијатива за основање фонд за помош на лицата со ретки болести се покрена со одржување манифестација во Киното на реткиот ден, 29 февруари. Одбележувајќи го Денот, под мотото “Ден за ден, рака за рака”, се искажа поддршка до лицата со ретки болести (болеста е ретка, ако влијае на еден во 2 илјади луѓе), влевајќи надеж за подобро утре и работејќи на остварување на идејата за формирање фонд кога некој треба да оди на операција во странство. Почетни финансии се собираа преку изложени плетени производи на првата ревија на дизајнерката Јасмина Стојковска.

– Целта е подигнување на јавната свест за поддршка и помош на ваквите лица и нивните семејства кои минуваат низ тежок пат, оти за нивното лекување има само пет отсто лекови. Се надеваме во фондот ќе се инволвира целото општество – додава Стојковска.

Преку интерактивно-забавен начин од ревија, модерни танци, се обрна внимание на информираноста за рано дијагностицирање, превенција на ретките болести, чии видови на светско ниво се 6-7 илјади. 

Loading