БЕЗ ПРОБЛЕМ БАЛКАНСКИ ПРВАЦИ

Карате

Nema koj da gi pobedi - KK RoninТешко е да се следат и запаметат по редослед резултатите на девојките од КК Ронин, бидејќи се многу чести и секаде крунисани со медал. Така беше и на Балканското сениорско првенство во Истанбул, Турција. Ката тимот во непроменет состав Мишела и Маријана Димоски со Пулексенија Јованоска станаа шампионки на Балканот. Практично го повторија успехот од 2014. Прво ја совладаа Турција со 4-1. Тоа беше втор триумф над истиот ривал, после ланскиот со 3-2. После дојде финалето, каде со 5-0 е збришана Србија. Што да се каже за ката-тимот? Едноставно – собирачи на медали. За само четири месеци освоија четири ВКФ медали: сребро од Светско, бронза од Европско, злато на јуниорско и на сениорско Балканско.

Поединечно највисоко стигна Маријана Димоска со победа и два пораза. Мишела имаше победа и пораз, според тренерите незаслужен од судија кој немал лиценца!? Победа и пораз имаше и Јованоска. Во борби Матракоска постигна победа и два пораза.

Следен голем настан е во мај – Европското во Франција.

Loading