СВЕТИЛКИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА НА 6 НОВИ ЛОКАЦИИ

Novo ulicno osvetluvanjeЛокалната самоуправа продолжи да ги употребува енергетски ефикасните светилки за заштеда на електрична енергија. Се работи за јавното осветлување, согласно со програмата за комунално уредување, а средствата се од заштедата која општината успева да ја постигне со промената на светилките уште од 2008 година.          

– На ул. “Петар Ацев” долга 380 м. ќе бидат поставени 12 столба со модерни енергетски ефикасни светилки. Инвестицијата е 380 илјади денари. Се работи на целосно осветлување во кругот на градинката во населбата Тризла и се поставени 16 канделабри со модерни енергетски ефикасни светилки вредни 450 илјади денари. И околу зградите во населбата Вишне на ул. “Наум Наумоски – Борче” ќе се постават 8 канделабри со модерни светилки што чинат 350 илјади денари. Вкупно ќе се вложат над милион денари – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Во период од 2008 година до сега локалните власти изградија повеќе од 20 км. ново јавно осветлување со заштедени средства од енергија.

– Се гради јавно осветлување на ул. “Иљо Попадинец” кај социјалните бараки во должина од 150 метри, за што се поставени 5 столба. Инвестицијата е 180 илјади денари. Девет столба со штедливи енергетски ефикасни светилки во должина од 300 метри се поставени кај ул. “Трајко Николоски” пред магацините на Центропромет во вредност од 520 илјади денари – кажува градоначалникот.

Во рамките на проектот е рехабилитацијата на ул. “11 Октомври”.

– Помеѓу два кружни тека е изработено јавно осветлување според новиот режим на сообраќај со максимално искористување на постојната инфраструктура за осветлување и дополнување на нови светилки од 300 илјади денари – додаде Ристески.

Општина продолжува со реализацијата на годишните програми во кои спаѓа и комуналното уредување на јавното осветлување.

Loading