ПОКРИВ НАД ГОЛЕМАТА ТРИБИНА

Стадион „Гоце Делчев“

Pocnaa aktivnostite za gradba na stadionotВо саботата, за време на пријателскиот меч Победа – Велазерими, присутните гледачи пријатно беа изненадени со присуството на камион над големата трибина. Тој е доволен знак дека почнале активностите за градба на стадионот. И покрај дождливото време имаше стручни лица кои со помош на специјализирана машина го испитувале земјиштето кое треба да ја издржи тежината од покривната конструкција што треба да се постави. Најавени се и нови илјадници седишта на големата и на малата трибина.

Во понатамошната фаза се очекува реновирање на теренот и поставување на рефлектори.

Loading