ИКОНИ ОД ПРИЛЕПСКИТЕ УМЕТНИЦИ ВО КРАТОВО

Икони на уметниците Билјана Бинчев, Александар Џинго, Методи Исков, Наде Тоскоска и Верче Николоска се дел од изложбата „Уметниците во чест на Св. Ѓорѓи Кратовски“ отворена во Кратово за патрониот празник на градот.

Творештвата се дел од изложбата на 13 творци од земјава. Уметницата Билјана Бинчев, која е иницијатор на изложбата, за второто издание вели дека манифестацијата го презентира зачувува културното богатство.

Инаку, Бинчев, со изложбата „Емоции“ на која се пренесени видувања на актовите, особено женски, се претставува пред неготинските љубители на умeтноста. 

Loading